Легендарните скечеви на триото К-15 многупати досега се покажале дека ја предвиделе иднината.

Ако истото се емитуваше во Америка дефинитивно ќе беа правени споредби на нивните скечеви со политичката и општествената ситуација во минатото а и денес во Македонија, односно со нивните „предвидувања“ нешто налик предвидувањата на Симпсонови.

Иако во минатото, оваа, меѓуретките, хумористични емисии беа на индиректен начин забранувани, сепак дел од нивните скечеви ја отсликуваа реалноста.

А ништо поразлично не е ни денес, откако беа соопштени новите имиња за министри, каде што доктор ќе раководи со културата, економист - финансиски консултант ќе се бори против загадениот воздух а инженер ќе го координира политичкиот систем во нашата земја.

Веројатно се избрани на начин како во продолжение на скечот од К-15


Администратор
24/06/2019 05:20