Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа најави дека САД в понеделник ќе воведат дополнителни санкции кон Иран.

Тој на Твитер објави дека Иран не може да има нуклеарно оружје.

– Воведуваме нови дополнителни санкции кон Иран. Се радувам на денот кога санкциите кон Иран ќе бидат укинати и тој ќе стане продуктивна и просперитетна држава повторно. Што побрзо тоа подобро, посочи Трамп.


Администратор
23/06/2019 12:56