Иран денеска соопшти дека нема да им го пролонгира рокот по 8 јули на европските сили за спасување на нуклеарниот договор.

Портпаролот на иранската Организација за атомска енергија изјави дека Техеран е подготвен да ја реализира заканата за збогатување на ураниум на повисоко ниво доколку Европејците не покажат иницијатива.

– Иранскиот двомесечен рок до преостанатите потписнички на нуклеарниот договор не може да се продолжи и другата фаза ќе биде реализирана така како што е предвидено, посочи Камалванди.

Официјален Техеран во мај најави дека ќе ги редуцира преземените обврски предвидени со мултилатералниот договор од 2015 година во знак на протест поради минатогодишната американска одлука за повлекување од договорот и повторното воведување на санкции кон Иран.

Иран се закани дека во рок од 60 дена ќе го зголеми производството на збогатен ураниум доколку европските земји потписнички на договорот не ја заштитат иранската економија од американските санкции.


Администратор
19/06/2019 17:28