Тимот на „Штип Арт Активизам“ на булеварот „Партизанска “, во близина на основното училиште „Тошо Арсов“ постави билборд. Пораката до надлежните јавни претпријатија е да се санираат коцките на булеварот, а на билбордот е испишано „Се бара Тор од планетата Азгард“.

Тимот кој останува анонимен за јавноста, на својата страница појаснува дека коцките на овој дел од булварот се пропаднати и изгледаат, како кратер на патот или како што велат овде паднал чеканот на Тор. Тие ги повикуваат надлежните да ги санираат проблемите, односно да постават знаци, табли, зебра за пешаци, со што пешаците и возачите ќе имаат поголема сигурност. Акцијата „Се бара Тор од планетата Азгард“ е дело на група уметници и активисти од Штип, а е поттикната од инфраструктурните проблеми во овој дел на градот. Ова им е втора акција.

Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Сашко Протогеров за МИА вели дека го знаат проблемот и тој е опфатен со Програмата. Тој најави дека од наредниот понеделник екипите на ЈП „Стипион“ ќе почнат со санирање коцките, а ќе се постави и лежечки полицаец, за поголема безбедноста на учениците, коишто секојдневно поминуваат низ булеварот „Партизанска“.


Администратор
12/06/2019 03:47