Виктор Димовски е назначен за нов директор на Агенцијата за национална безбедност, соопшти денеска владината прес-служба.

Одлуката за назначување на Виктор Димовски на оваа функција е донесена на редовната 139. владина седница.

Виктор Димовски од 2017 година беше државен секретар во Министерството за надворешни работи. Тој е доктор на политички науки и дипломат од кариера со повеќе од дваесет години дипломатско искуство. Во изминатиот период бил вонреден и ополномоштен амбасадор на нашат земја во Србија и Црна Гора, како и во државата Израел. Извршувал и други одговорни должности во Министерството, како помошник министер, државен советник и специјален советник. Бил Национален координатор на нашата земја во повеќе регионални иницијативи, претседавач на Комитетот на политичките директори на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и претседател на македонскиот дел на Државната комисија за утврдување на границата со СР Југославија. Во периодот од 2007 до 2009 година Димовски бил директор на Агенцијата за разузнавање.


Администратор
11/06/2019 19:10