Целата скопска чаршија и сите оние кои се од здравствената фела од пред месец дена знаат кој ќе го добие тендерот објавен од Министерството за здравство за стерилизација. И Македонија и Албанија се мали средини, па информациите лесно и брзо се шират, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21.

Николоски додава и дека сите сомнежи дека тендерот е наместен се потврдуваат со мистериозното откажување на пет од седум фирми кои конкурирале за на крај да останат една Албанска и една Италијанска фирма.

- Откако Министерството за Здравство јавно кажа дека седум фирми се пријавиле на тендер наеднаш пет фирми мистериозно го изгубиле интересот, и на крај останаа две фирми од кои една албанска и една италијанска. Суштината на овој тендер е истиот како со обидот да се приватизираат сите лабаратории во државата, кога Жути 45, требаше да го добие тендерот од 37 милиони евра, со кој ќе добиеше целосен монопол на сите лабаратории во здравстените установи во Македонија, вели Николоски.

Тој додава дека за минатиот тендер, под притисок на јавноста, власта морала да се повлече од идејата за реализиција на милионскиот тендер но овој пат тоа не им паѓа на памет бидејќи знаат дека политичкиот крај им се ближи.

- Заради големата реакција од јавноста тогаш тој тендер беше повлечен, но сега гледам овој тендер решиле да го тераат по секоја цена . Зошто знаат дека крајот им е блиску, па очиглено сакаат нешто да заработат, заклучи Николоски.


Администратор
06/06/2019 23:24