Власта е оптимист за постигнување на договор за СЈО до крајот на месецот односно до денот на презентирање на Извештајот за напредокот на Македонија на Рвропската Комисија. После заканата од страна министерката Рената Дескоска, дека и со и без ВМРО ДПМНЕ законот за јавното обвинителство ќе се донесе, нејзината нова проценка е дека голем дел од работите во државава се решавале во последен момент, па така и оваа очекувала дека ќе има позитивен епилог. За гласање без ВМРО ДПМНЕ се неопходни 8-те независни пратеници од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.

Но, дали одметнатите ќе одиграат на картата на власта?

„Макпрес“ веќе објави дека еден или двајца од осумте пратеници нема да го стиснат зеленото копче. Ама според последните информации оваа бројка се зголемува. Една од клучните причини е што премиерот не ги исполнил ветувањата што им ги дал во врска со осудените за 27 април, но и во врска со процесите во кои се теретат самите пратеници. Дали Заев ќе успее и овој пат да ги држи за узди т.н.независни пратеници од ВМРО ДПМНЕ и кокалицијата, или пак тие ќе условуваат исполнување на нивните барања, ќе се знае наскоро.

Во меѓувреме, оваа осумчлена пратеничка група се сретнала со амбасадорите на Германија, Британија и Холандија, со кои разговарале за реформските процеси во државата. Дали амбасадорите имаат свое копче за притисок?

Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека договор за СЈО може да има само доколку се приближат ставовите за отворените прашања.


Администратор
22/05/2019 02:18