Со смотра и показна вежба 35 пожарникари во Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Штип денеска го одбележаа Денот на пожарникарите. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски присуствуваше на смотрата и показната вежба, што се одржа во средното медицинско училиште „Јане Сандански“.

Тој истакна дека во изминатите месеци сите возила се ставени во функција, а на објектот се поставени и фотоволтаици, со што овој објект ќе има заштеда и на електричната енергија. Вети дека од буџетот на Општината ќе се набави опрема за пожарникарите, а очекува да добијат и ново специјално возило.

-Имаме доставено апликација за набавка на ново возило за Територијалната противпожарна единица, а за која очекуваме во наредниот период да имаме позитивна оцена и одлука, со што ќе го збогатиме и возниот парк. Така што со новата опрема и возило како општина покажуваме дека Територијалната противпожарна единица е значајна за нас, вели Бочварски.

Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов забележа дека 35 пожарникари се справуваат со огнените стихии во општините Штип и Карбинци, а изминатите денови какошто рече пожарникарите ја доближиле оваа професија, но и ги едуцирале учениците за пожарите.


Администратор
20/05/2019 20:05