Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер смета дека новите правила во Формула 1 за аеродинамиката поскоро ги вратиле назад, отколку што им помогнале да ја задржат силната форма од 2018. Досега во сезоната, Макс Верстапен запиша два подиуми, но не покажа ништо импресивно во однос на Мерцедес, кои ги освоија сите стартови од почетокот.

Интересот кон тимот оваа година се зголеми, бидејќи го заменија нивниот снабдувач на мотори Рено со Хонда. По првите пет круга, Ред бул има удобно водство пред средината на колоната, но се уште е далеку од борбата за победа.

– Не сме така конкурентни како што бевме на крајот на минатата сезона поради неколку причини. Комбинацијата од тврди гуми на Пирели оваа година и новите правила во однос на аеродинамиката не ни помагаат. Промената на предното крило е доста сложен процес и ни треба време додека повторно станеме брзи. Но сме на вистинскиот пат. Се се сведува на еволуцијата во Формула 1. Ние напредуваме стабилно во однос на шасијата, Хонда прави напредок со моторот, а сигурноста е доста добра, во споредба со другите години. Но противниците не спијат. Ферари беа со нов мотор во Шпанија, Рено, исто така, а Мерцедес ќе има во Канада. Ние немаме влијание врз нив, но сме среќни со нашата сопствена програма, вели шефот на „биковите“ за „Спид Вик“.


Администратор
17/05/2019 17:27