Новиот објект каде ќе се премести Центарот за зависници најверојатно ќе биде болницата за душевно болни во Бардовци, дознава Макпрес од извори во општина Карпош. Ова е всушност старата локација на Центарот, кој подоцна бил дислоциран во Кисела Вода. Зошто уште официјално не се соопштува од страна министерството за здравство, кое според Кисела Вода е надлежно за наоѓање на нова локација, не се знае.

Според нашите извори болницата во Бардовци располагала со доволно капацитет за да ги згрижи зависниците, затоа тоа било во моментот најсоодветната опција каде да се премести Центарот.

Дали Бардовци е конечната локација или има и некоја друга опција се очекува да обелодени министерството.

Макпрес повикувајќи се на извори во општина Кисела Вода прво објави дека објект уште не е најден, за да ден потоа од оттаму излезат со официјален став дека надлежноста е во рацете на министерството и оти најверојатно е договорен објектот.

-Локацијата за дислоцирање на Центарот за зависности е утврдена. Во тек е уредувањето на правните односи за објектот во кој Центарот ќе се префрли. По уредувањето на правните односи, веднаш ќе се започне со процесот на приспособување на објектот, согласно стандардите кои теба да ги има здравствена установа со ваков тип на дејност, објаснуваат официјално од општината.

Фактот што местото не се открива ја остава легитимна дилемата Дали ова е форма, односно начин како надлежните да купат време бидејќи решение нема?


Администратор
17/05/2019 12:58