Утврдена била локацијата каде ќе биде преместен Центарот за зависници што сега се наоѓа во Кисела Вода, велат официјално од општината. Тоа не било нивна надлежност, туку на Министерството за здравство, ама според нивните информации најдено било новото место. Но, зошто не се открива кое е, одговор нема.

-Локацијата за дислоцирање на Центарот за зависности е утврдена. Во тек е уредувањето на правните односи за објектот во кој Центарот ќе се префрли. По уредувањето на правните односи, веднаш ќе се започне со процесот на приспособување на објектот, согласно стандардите кои теба да ги има здравствена установа со ваков тип на дејност, објаснуваат официјално од општината.

Од министерството молчат и не откриваат ништо за локацијата. А граѓаните чекаат решение. Тие се заканија со радикални протести уште во ноември ако за 6 месеци Центарот не се премести.

Во меѓувреме, извори за „Макпрес“ велат дека всушност нов објект не постои. Дали ова е форма, односно начин како надлежните да купат време бидејќи решение нема? Ако не е така тогаш министерството ќе треба итно да соопшти која е новата локација.


Администратор
15/05/2019 20:34