За 51,4 отсто е зголемено вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2019 година, во однос на првото тримесечје од 2018 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови, просторното дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од иглолисни и листопадни видови.

Намалување е регистрирано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови и кај другото обло дрво од иглолисни видови.


Администратор
15/05/2019 20:12