Во Македонија маслото од канабис за медицински цели е легализирано и регулирано согласно закон додека употребата за лични и рекреативни цели е целосно забранета. Во аптеките маслото се продава преку рецепт и е наменето за пациенти со малигни заболувања.

Според законските одредби од 2016 година, маслото од канабис го препишуваат невролози, инфектолози, радиолози и онколози, со цел да се намали болката кај пациенти со епилепсија, ХИВ, со мултиплекс склероза, како и кај малигно болните.

Јавноста е сведок на постојаните вести од медиумите во кое се информираат граѓаните за акции на МВР кои ги спроведува во насока на намалување на криминалните активности поврзани со нелегално и неовластено поседување и пуштање во промет дрога, канабис и други опојни дроги и супстанци.

Па оттука се поставува прашањето зошто пратеникот Павле Богоевски тврди дека нарачувал масло од канабис што, според него, всушност било „супстанца чиј промет е забранет“.

Пратеникот Богоевски во фејсбук статус потврди дека неговиот глас е на снимакта, но вели дека не нарачувал кокаин туку масло од канабис.

- Во овој разговор не нарачувам кокаин. Договарам набавка на масло од канабис. За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис и’ помогна таму каде другите лекови не можеа да и’ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам се’ додека е потребно, објасни Богоевски.

Всушност во својот статус пратеникот Богоевски признава дека сторил кривично дело, поточно дека набавувал супстанца чиј промет е забранет.


Администратор
15/05/2019 19:35