Општина Куманово по трет пат ќе изврши ларвицидна дезинсекција против комарци, информираа денеска од одделението за односи со јавност и од секторот за инспекциски надзор.

Дезинсекцијата ќе се изврши во петок на 17-ти мај и според информациите ќе бидат опфатени стоечки води по теченијата Кумановка, Липковка, Којнарк и Пчиња во село Клечовце. Со еден третман се опфаќа површина од пет хектари.

– Доколку поради временски услови не може да се изврши дезинсекцијата, тогаш ќе се одложи за наредниот ден, за што граѓаните дополнително ќе бидат информирани, велат од Општина Куманово.

Вкупно, за ларвицидна дезинскеција, за дератизација против глувци и за дезинсекција против крлежи, општината одвојува 600.000 денари без данок на додадена вредност.

Годинава, тендерот го доби фирмата „Плант Медика“. Дополнилетно, општината годинава ќе спроведе преку друг тендер и авионско прскање против комарци.


Администратор
15/05/2019 18:12