Шест лица се загинати во две сообраќајки во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје, каде се регистрирани вкупно шест незгоди од кои четири со материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 15 возачи за брзо возење, а од сообраќај се исклучени 15 лица пред да се стекнат со прави за управување возило, како и 15 нерегистрирани возила.

За непрописно паркирање се издадени мерки на 65 возачи, а „пајакот“ кренал 59 возила.

Полицијата изрекла санкции и на 18 возачи за зборување на мобилен, на шест за неправилно престројување и исто толку за неправилчно престигнување, на члетворица за поминување крстосница на црвено светло, на тројца за неносење сигурносен појас.


Администратор
15/05/2019 11:45