На социјалната мрежа „VKontakte“ која важи за руска верзија на facebook, како и пред изборите така и вчера попладне беше објавена нова „бомба“ односно прислушкуван разговор од страна на профилот под псевдоним „Илија Громовник“.

Според виртуелниот профил станува збор за прислушуван телефонски разговор на пратеникот Павле Богоевски.

Во описот на профилот стои дека моментален град на „Илија Громовник“ е Будимпешта, додека во описот на видеото дека ова е бомба од 2019 година и дека е прва од новиот сет на бомби кои ќе бидат објавени.

Според Законот за заштита на приватноста донесен во 2015 година, објавувањето на вакви разговори е забрането.

“Со законот се утврдува и забрана за поседување, обработка, јавно објавување и располагање на било кој начин со материјали кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите извршени во периодот од 2008 до 2015 година, вклучувајќи и нивно користење и располагање во изборен процес, политички или други цели и постапки.“

Подолу во Законот пак се предвидени и казни и тоа до една година затвор, напоменувајќи дека тоа важи за објавување на приватни разговори, а не важи за разговори кои се од јавен интерес.


Администратор
15/05/2019 02:36