Стадо овци на тревникот од игралиштето на стариот градски стадион во Тетово и заклучена врата е причината денес тренинг да не одржуваат фудбалерите на ФК Љуботен.

Овој клуб редовно се соочува со вакви услови за работа, иако пред само четири дена, како најстар фудбалски колектив стар 100 години и офоремен 1919 година стана дел од меѓународен сојуз на најстари фудбалски клубови во светот.

-Наидовме на заклучена врата, а стадионот служеше за напасување на добиток. Покрај тоа што секојдневно се среќаваме со слични проблеми за време на тренинзите кои звучат банално – напасување на крави, кози, авто школа на атлетска патека и ред други работи за кои не им е место да се објават, денеска по ова не може да не реагираме. Ги замолуваме градските власти да реагираат бидејќи овој стадион се користи исклучиво за тренинзи на млади категории на сите клубови во градот-велат од ФК Љуботен.

Спортистите и спортските работници реагираат дека ваквата состојба последниве години кулминира и се повеќе стадионот се уништува и е недостапен за нив. Павле Симовски, поранешен атлетичар потсетува дека не било секогаш така.

-На овој стадион некогаш гостуваа Динамо, Хајдук, Партизан, Црвена Звезда, Олимпија, Железничар, (ФК Тетекс во прва и втора југословенска лига)… А денес – денес тревата се коси на природен начин, со пасење на овци, вели Симовски.

Овој фудбалски терен е од големо значење за клубовите во градот. Покрај првите екипи и младинските категории имаат потребе од терен за подговтовки, градот брои два прволигаши Шкендија и Ренова, второлигашот Тетекс и Љуботен во третата лига запад.


Администратор
13/05/2019 17:49