Од следната сезона, по се изгледа „црвените“ на гостински терен ќе ги гледаме облечени во дресови со син грб. Оваа вест ја објави „Фути хедлајнс“ специјализиран портал кој објавува фотографии на дресовите за следната сезона, дури и пред тоа да го потврдат самите клубови.

Службениот производител на опрема за клубот од Енфилд е „Њу баланс“, а дресот е изработен во сива боја со црвени црти на ракавите и изгледа многу убаво. Меѓутоа, има еден детаљ кој паѓа во очи – клупскиот грб. Тој, наместо во позната боја на Ливерпул – црвената, е изработен во сина боја.

Се разбира, брза беше реакцијата на верните навивачи на Ливерпул. Тие ги преплавија социјалните мрежи со пораки во кои ја изразија својата разочараност, истакнувајќи дека сината боја е последната која би требала да се надоврзува со нивниот клуб, дотолку повеќе кога се знае кој дел од Ливерпул е син, алудирајќи на нивниот градски ривал Евертон.


Администратор
12/05/2019 04:34