Штутгарт е на 16-то место на табелата, кое го испраќа во бараж за задржување на местото во Бундеслигата, со тим од Втора лига.

Спортскиот директор на „швабите“ Томас Хицелшпергер изјави дека желбата на сите била да останат со Вајнцирл до крајот на сезоната, но поразот од 0:6 го променило мислењето.

– По резултатот во Аугсбург моравме да реагираме веднаш, да бараме промена, да создадеме нова ситуација околу тимот и да избегнеме испаѓање, изјави спортскиот директор.

Нико Вилих, кој до сега беше тренер на младинците до 19 години, привремено ќе ја преземе функцијата. Помошник тренерот, Волфганг Белер, тренерот за физичка подготовка Томас Барт и тренерот за индивидуална работа – Халил Алтинтоп, исто така го напуштаат клубот.

Штутгарт ја започна сезоната со Тајфун Коркут, кој остана на позицијата седум меча. Потоа дојде Вајнцирл, кој само постигна 4 победи во 23 натпревари.

Штутгарт се на 6 поени од Шалке 04, кои се на безбедното 15 место.


Администратор
21/04/2019 12:29