Претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу се изјасни против идејата натпреварите од Лигата на Шампионите да се играат во текот на викендите.

Таква промена во спроведувањето на турнирот е во плановите на УЕФА за новиот формат на натпреварувањето.

– Позицијата на Барселона е јасна – натпреварите од Ла Лига треба да се одржуваат на крајот на неделава, а оние од Лигата на Шампионите во текот на неделата. Ла Лига е исклучително важна за нас. Ние сакаме Лигата на Шампионите да има еволуција, а не револуција, изјави претседателот на Барселона за „Зидојче Цајтунг“.

Плановите на УЕФА се Лигата на Шампионите да претрпи промена и на турнирот од 2024 година да учествуваат 24 екипи кои ќе бидат распределени во осум групи од по четири тима. Ова ќе загарантира повеќе натпревари на тимовите кои учествуваат во турнирот и повеќе финансиски средства.

– Постојат различни идеи за Лигата на Шампионите, но се уште немаме финален концепт. На мене ми се допаѓа проектот со 24 тима на Светското клубско првенство, заклучи Бартомеу.


Администратор
21/04/2019 12:20