Аеродромот во Триполи, Митига од денеска повторно е отворен за сообраќај, откако пред две недели беше затворен поради воздушните напади во реонот на либискиот главен град, соопштија аеродромските власти.

Борбите околу Триполи започнаа на 5 април кога групата Либиска национална армија (ЛНА) на генералот Калифа Хафтар тргна во офанзива за освојување на градот, кој е под контрола на меѓународно призната Влада на национално единство на Либија.

Според податоците на Светската здравствена организации (СЗО), во борбите во реонот на Триполи досега загинале најмалку 220 лица, а 1.066 се ранети.

Хафтар, кој има амбиции да го освои Триполи, е поддржан од ривалската либиска влада што го контролира источниот дел на земјата. Од друга страна, по контрола на меѓународно призната либиска Влада се главниот град Триполи и западниот дел на Либија.

Од соборувањето од власт на либискиот водач Моамер Гадафи во 2011 година, Либија е зафатена од граѓанска војна, при што земјата беше поделена меѓу неколку ривалски групи. Во моментов Либија е поделена на територии под контрола на двете ривалски влади.


Администратор
21/04/2019 12:20