Суданските безбедносни служби во домот на поранешниот претседател на Судан, Омар ал Башир, кој е под истрага за перење пари, пронашле големо количество на банкноти на евра, американски долари и судански фунти, во вкупна вредност од над 130 милиони долари, јави Би-Би-Си.

Претставник на Обвинителството соопшти дека во домот на Башир, кој моментно се наоѓа во затвор во градот Кобар, биле пронајдени куфери со шест милиони евра, 351.000 долари и пет милијарди судански фунти (105 милиони долари).

Обвинителството информира дека ќе биде формирана посебна комисија што ќе ја надгледува истрагата за овој корупциски скандал.

Башир беше сменет со воен удар пред десет дена, по повеќемесечни масовни антивладини протести низ државата.


Администратор
21/04/2019 09:55