Ми претставува особена чест и задоволство да од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, на сите верници од Католичка вероисповед кои живеат во и надвор од границите на Република Северна Македонија да Ви го честитам големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.

Во оваа прилика, би сакал да Ви упатам искрени желби за добро здравје, радост и спокој во кругот на вашите најблиски. На овој голем празник, Ви посакувам да го славите животот со сета своја вистинска убавина и исполнети со најголемиот дар на овој ден Велигден, а тоа е надежта. Затоа, во духот на празникот, Ви пожелувам надежта и љубовта да царуваат во вашите срца, вашите домови и секаде околу вас.

Оваа празнична прилика ќе ја искористам и за да се заблагодарам на католичката заедница во Република Северна Македонија за големиот придонес кој секојдневно го дава на сите полиња на општественото живеење. Дозволете ми уште еднаш да Ви посакам убави и весели празнични денови поминати во мир и благосостојба.

Претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери


Администратор
21/04/2019 01:18