Денес е последниот ден од кампањата која претходи на изборите каде се одлучува за заедничката иднина, 21 Април е денот кога се гласа не само за Претседател, туку се брани и одлучува за Македонија, за заедничката судбина, за вашите и нашите семејства, се брани правдата и нашата гордост, нашето достоинство и нашата историја.

А, Македонија е нашата судбина, сите порази и успеси, нашето постоење, нашата емоција, семејството, татковиот прекор, мајчинската љубов, детскиот глас поради кој вреди да се бориш и живееш. Без нејзе сме ништо, и само со неа нашето постоење има смисла.

Поминаа 2 тешки години. Сега е време за казната, 21 Април е тој ден, за сите неправди, за сменетето име, за измамените надежи, казна за распараните срца кога така едноставно со копче во раката ни го менуваа името, време е за казна за криминалот на улиците, за неправдата врз Саздо, казна за немирот на родителите од Смилковското езеро, за прогонот на патриотите кои никогаш не можат да бидат терористи, за терористите од Смилковско кои шетаат на слобода, за преполовената казна за сторителот на трагедијата на Фросина, за моментите кога Премиерот се срами од Македонската химна, поради срамот кој го нанесоа врз делото на Коневски, Мисирков, херојските подвизи на Гоце, Даме, Узунов, Александров, Гемиџиите и многу други македонски херои кои живеаа и умреа за Македонија, за сите наши другари од генерацијата, пријатели и пријателки кои ја напуштија нашата земја, зошто овде не гледаа надеж. Време е за казната, но и одговорот.

И не барам да гласате поради нас, ниту поради ВМРО-ДПМНЕ, гласајте поради себе и Вашите блиски. Промената ќе дојде. Македонската пролет ќе се случи, овој пат со гласачко ливче. Јас, како и многумина, во ова влеговме затоа што искрено, целосно веруваме дека може поинаку. Нашиот код е ВМРО, а ВМРО е најсветиот чувар на Македонија, и тоа е организацијата каде Македонија не е само наша припадност, туку и наша должност. Оваа битка нема да биде лесна, знаеме со кого си имаме работа, но ние сме тука затоа што ќе биде тешко, а целта за нас е света, тоа е Македонија.

Затоа, како генерален секретар на организацијата чие име е и ќе остане да биде Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единство, Ве повикувам сите вие кои го носите пламенот на Македонија и на кои иднината им е важна да излезете и гласате за Гордана Сиљановска-Давкова заокружувајќи го бројот 2. Да го направиме првиот чекор на победа врз деспотот.

Нам честа, името и образот ни се поважни од се и знам дека нашата победа ќе биде велика, затоа што народот на Македонија ќе победи.

Сите заедно да кажеме Ура за Македонија!Правда за Македонија!

Татковината Ве повикува! - стои во соопштението на Јанушев на Фејсбук


Администратор
19/04/2019 14:25