Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска беше во посета на Битола и околните села, на средби со граѓаните со кои разговараше за актуелните проблеми.

„Се надеваме дека во Битола ќе имаме повторно победа и дека ќе имаме голем успех, се надеваме дека Битола ќе препознае дека Гордана нуди концепт за правда кој и е насушно потребен на Македонија и внатрешно и надворешно и во делот на владеење на правото внатре, подобрување на економската состојба, здравството, социјалата и образованието, сето она што значи живот и надвор во битката, која што се уште не е завршена, за името на оваа држава, а тоа е Република Македонија.“ - истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, при денешната посета на Битола .

-Во Битола има разочараност кај луѓето поради неспособноста на градоначалничката тука, луѓето велат дека нема никакви проекти и дека Битола не се развива. Би можел да кажам дека тоа е нешто што се гледа и на ниво на држава, скоро и да немаме посериозен капитален проект во изминативе три години колку што е на власт владата на Заев, освен една гола критика и напад на опозицијата немаме никакви реализирани проекти што одразува една неспособност, додаде Николоски.


Администратор
15/04/2019 16:57