Вооружени лица утрово извршило разбојништво во „НЛБ банка“ на ул.„Ферид Бајрам“ во скопско Чаир, при што се одземени засега непозната сума пари.

Во МВР настанот е пријавен во 10.30 часот и како што појаснуваат за време на разбојништвото имало пукање, но нема повредени од огнено оружје.

Од страна на разбојниците е удрен и физички повреден Е.Е.( 26), вработен како обезбедување во банката.

Полициски службеници веднаш по пријавувањето на разбојништвото стигнале на местото на настанот и во тек е истрага за расчистување на случајот.

Како што соопштија од НЛБ банка, заедно со надлежните работат на расчистување на случајот, како и на утврдување на висината од направената штета.

Посочуваат дека клиентите кои се затекнати во експозитурата и вработените се безбедни и во добра состојба.

-Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства, истакнуваат во соопштението.


Администратор
15/04/2019 13:04