Возач и сопатник се тешко повредени, а девет лица се здобиле со лесни телесни повреди во 11 од вкупно 24 сообраќајки регистрирани изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје.

Од сообраќај се исклучени 77 возачи, од кои петмина почетници, а 71 пред да се стекнат со право на управување моторно возило. Исклучени се од сообраќај и 52 возила, 50 нерегистрирани и две со претовар.

Издадени се 201 мерка за непрописно паркирање, а „пајакот“ подигнал 145 возила.

Полицијата санкционирала и 13 возачи за поминување крстосница на црвено светло, петмина за недавање првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, тројца за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување.

Изречени се мерки за 37 возачи за користење мобилен телефон, 16 за неносење сигурносен појас…


Администратор
15/04/2019 11:17