- Врз основа на сите позитивни законски во Македонија, членот 16 од Уставот, Законот за граѓанска одговорност и клевета, како и Европската конвенција за заштита на човековите права и одлуките на Европскиот суд за човекови права јас имам полно право да изнесувам ставови, гледишта и мислења како и критики кон власта во својство на потпретседал на ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициона политичка партија, исктакна Александар Николоски по завршување на рочиштето во кое тој е тужен за клевета од страна на братот на премиерот, Вице Заев бидејќи во негова изјава за една телевизија истакнал дека Вице Заев станува главен бизнис фактор во Македонија.

Николоски додаде и дека е разочаран заради тоа што страната на тужителот не дозволила и овој пат новинарите да ги снимаат завршните зборови во судница и дека очекува на 22 април судот да ја одбие тужбата.

- За да снимаат новинарите внатре во судницата потребно е согласност на двете странки во постапката. Сакам јавно да информирам дека од моја страна согласност за присуство на новинарите беше дадена но очигледно другата страна не дала и затоа не беше дозволено снимање. Но како и да е, сметам дека и јавноста се запозна доволно со целата материја и очекувам на 22-ти април судот да ја одбие тужбата, изјави Николоски.

Судот за 22-ри април го закажа изрекување на пресудата за овој предмет.


Администратор
12/04/2019 15:35