Навивачката група „Комити“ излезе со свој став по преименувањето на стадионот на денешната владина седница.

„Понесени од нагонот за преименување на се што е гордост, традиција и Македонски идентитет, повторно се дрзнаа 'семоќните' да го преименуваат нашиот втор дом... Но овој стадион секогаш бил, е и ќе биде "Градски Стадион - Скопје", Република Македонија !!! "Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи?" - еднаш праша Маестро Тоше, но не му беше одговорено... Прости им Великану, не знаат што прават !!! #ЧујтеВиеНеразбраниТрговци #ГРАДСКИСТАДИОНСКОПЈЕ #ТошеЖивееВечно“ - стои во фејсбук објавата на „Комити“.


Администратор
09/04/2019 16:27