Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на својот профил на Фејсбук објави заедничка фотографија со Борис Дамовски, Владо Јовановски и Игор Дурловски.

„Браќа до крај. Браќа за цел живот :)“, напиша над сликата популарниот Бетмен Велит, кој со триото од фотографијата пред две години ги предводеа протестите против Тиранска платформа.

Дурловски, кој одби амнестија, со уште 17 лица денеска напладне ќе ја очекуваат пресудата за настаните од 27 април 2017 година.


Администратор
15/03/2019 03:04