Страшна сообраќајна несреќа се случи синојќа во Прилеп околу 22.30 часот на раскрсницата на улиците „Димо Наредникот“ и „Александар Македонски“ помеѓу возило Фиат Пунто со прилепски таблици и комбе кое превезувало патници, исто така со прилепски таблици, пишува порталот Инфо Компас.

Според првичните и неофицијални информации во несреќата нема жртви, но повредени биле 10-тина лица. До несреќата дошло кога од засега непознати причини се случил директен судир помеѓу комбето и автомобилот.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денешниот ден.


Администратор
14/03/2019 05:12