Германскиот бундеслигаш Шалке 04, синојќа доживеа тежок и катастрофален пораз од актуелниот шампион на Англија, Манчестер Сити. Германците беа приморани дури седум пати да ја вадат топката од својот гол, а во текот на целиот натпревар едвај три пати успеаја да ја поминат противничката половина.

Но, така не беше на улиците низ Манчестер каде бројните Германци лудува низ градот. Меѓу нив имаше и членови на популарната група „Уге“, која е збратимена со „Комити“ од Скопје, а нивото големо пријателство го слушна и Манчестер, откако грмеше „Гелзенкирхен – Скопје“.


Администратор
13/03/2019 02:48