Филмовите режирани од страна на жени во Франција се зголемиле за 62 проценти за 10 години.

Делот на француските филмови, кои ги режираат или корежираат жени, во последните 10 години постојано се зголемува, покажа истражување на Францускиот национален филмски центар. Резултатите од истражувањето се објавени по повод Меѓунаордниот ден на жената – 8 Март.

Во периодот од 2008 до 2017 година, филмовите кои ги режирале жени во Франција се зголемиле за 62,8 проценти, додека зголемувањето кај филмовите снимени од мажи изнесува 32,2 отсто. Во тој период се појавила нова генерација француски режисерки на долгометражни филмови, а 39 жени снимиле по најмалку три филмови.

Во периодот од 2012 до 2017 година во Франција се емитувале 370 филмови кои ги режирале жени, во Германија 242, а во Велика Британија во истиот период биле снимени 87 филмови режирани од жени.


Администратор
08/03/2019 18:37