Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја обвини Русија дека се обидува да ги подели западните сојузници, користејќи ги енергетските резерви и нуклеарното оружје, со кои располага, како и „со обидите да се вмеша во изборите низ Европа и во светот”.

-Москва се обидува да го подели нашето сојузништво, со своите резерви на нафта и гас, со својот нов арсенал на нуклеарно оружје и со своите напори да се вмеша во изборите низ Европа и светот, изјави Пенс во Варшава, по состанокот со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Тој тврди дека во Полска „не се наѕира поголема закана од спектарот агресија од вашиот сосед на исток”.

Посетата на Пенс на Варшава, со која тој ја започна четиридневната посета на Европа, доаѓа во време кога Полска бара САД да изградат база во земјата, стравувајќи од Русија.

Американскиот потпретседател претходно се состана со стотици полски и американски војници, кои служат во таа земја.


Администратор
14/02/2019 09:56