Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги ги повика радиодифузерите денеска и утре да ја прилагодат програмата поради деновите на жалост прогласени по тешката сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово кај селото Ласкарци.

Музиката треба да биде од жанровите соодветни за денови на жалост, а емитувањето на забавни шоу програми, хумористички емисии или играна програма од жанрот комедија, да се одложи за други денови од неделата.

– Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е овие два дена да не се емитува рекламирање, се наведува во соопштението.

Од Агенцијата нагласуваат дека јавниот радиодифузен сервис и радиостаниците кои доброволно пријавиле дека ќе емитуваат одреден процент домашна музика од македонски автори и автори на етничките заедници, денеска и утре се ослободуваат од оваа обврска.


Администратор
14/02/2019 09:49