Шампионот во Премиер лигата, Манчестер сити е заинтересиран во своите редови да го донесе играч од средниот ред на Реал и шпански репрезентативец Иско.

Според „Дон Балон“ англискиот клуб е подготвен да плати 75 милиони евра за евентуален ангажман на иско.

Тренерот на „граѓаните“ Јозеп Гвардиола, во Иско гледа долгорочна замена за Давид Силва.

Дваесет и шестгодишниот Иско оваа сезона настапи на 25 натпревари за Реал и постигна четири гола со една асистенција.


Администратор
11/02/2019 11:03