Во ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес во изминатата недела биле регистрирани првите тројца заболени од грип. Како што информира за МИА, епидемиологот д-р Билјана Трајкова станува збор за лица во возрасната категоријата од 19 до 65 години.

Таа потенцира дека јануари е вообичаен период за појава на грип и дали истиот ќе се прошири зависи од повеќе околности на теренот. Сепак најдобра заштита е одбегнување на масовни настани и контакт со заболени лица, бидејќи вирусот лесно се пренесува.

Лани во јануари во Велес имало само 13 лица заболени од грип, најмногу 232 биле регистрирани во февруари, а во март 148.

Во изминатите години имало случаи грипот да се појави уште во ноември или декември.

Трајкова потсетува дека најдобра заштита од грип е вакцинирање, а годинава во Велес со вакцина од грип односно од четири типа на вирус на грип се заштитиле над 700 граѓани, воглавно постари лица и хронично болни.


Администратор
14/01/2019 17:21