Борусија Дортмунд го објави привлекувањето на младиот дефанзивец Леонардо Балерди од Бока Јуниорс. Двата клуба одбиваат да ја откријат вредноста на трансакцијата, но според „Трансфермаркт“ станува збор за 15 милиони евра. 19-годишниот талент, кој е младински репрезентативец на Аргентина, потпиша долгорочен договор.

– Трансферот на Леонардо е една перспектива за нас. Првично беше закажан за крајот на сезоната, но го забрзавме процесот и го завршивме сега. Балерди е интелигентен централен дефанзивец, кој покажува голема сила во одбраната. Исто така импресионира со своите пасови и движење на теренот. Драго ми е што тој не избра нас и веруваме дека ќе му помогнеме да го развие својот талент, изјави спортскиот директор на „жолто-црните“ Михаел Цорк.

Ова е прв трансфер зимава на „Сигнал Идуна Парк“. Претходно клубот го продаде Кристијан Пулишиќ во Челзи за 64 милиони евра, но, играчот ќе остане во Борусија до летото.


Администратор
14/01/2019 17:16