Вработените во комуналните претпријатија, противпожарната единица и средношколскиот дом добија нови униформи. Униформите ги донираше швајцарската компанија „Eagle", чиј основач е гостиварец.

Претставникот на компанијата, Баки Сулејмани, првата пратка од униформите му врачи на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

– Донацијата се состои од 300 парчиња униформирми. Чуварската служба на општина Гостивар доби осум парчиња, вработените во ЈП Комуналец – 150 парчиња, ЈП Паркинзи и зеленило – 70 парчиња, Ученичкиот дом – 30 парчиња, и за пожарникарите – 50 парчиња. Благодарен сум на ваквиот гест и уште повеќе што станува збор квалитетна работна униформа, рече Таравари.

Униформите се според ист терк, а се разликуваат по бојата. Во знак на почит и благодарност, градоначалникот Таравари на претставникот на донаторот му врачи симболичен подарок.

Овој швајцарски производител освен униформи изработува и спортска облека, а дресовите на „Eagle" ги носат фудбалери од повеќе европски клубови. Соработката со оваа компанија придонесе и за отврање на фудбалскиот камп на бразилскиот интернационалец Едмилсон, а на средбата беа најавени и други донации.


Администратор
14/01/2019 17:09