Почна годишната обнова на права од детска заштита, детски додаток, посебен додаток и родителски додаток за трето и четврто дете, соопштија денеска, од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово.

Барањата се поднесуваат согласно Законот за заштита на децата. Обновата на правото на родителски додаток за трето и четврто дете ќе трае до 31. март годинава, а освен барањето треба да се достават и лична карта на носителот на правото на увид, уверение од Основниот Суд дека не му е одземено родителското право, копија од картон за имунизација, потврда од училиште за третото родено дете.

Согласно член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата и соопштението на Државниот завод за статистика, има корекции, односно зголемување на износот на правото на посебен додаток, при што висината на посебниот додаток за 2019 година ќе изнесува 5.096 денари, посебниот додаток за самохран родител ќе изнесува 7.644 денари додека за материјално необезбедени родители кои се корисници на социјална парична помош и постојана парична помош ќе изнесува 6. 370 денари.


Администратор
14/01/2019 17:03