Зголемен број на туристи и на ноќевања во ноември лани евидентира Државниот завод за статистика. Според денеска објавените податоци, бројот на туристи во ноември бил зголемен за 12 проценти, а бројот на ноќевањата за 9,2 проценти во однос на истиот месец во 2017 година.

Податоците покажуваат дека во ноември бројот на туристи изнесувал 56.948, а бројот на ноќевањата 126. 373.

Бројот на домашни туристи е зголемен за 16 проценти, а бројот на странски туристи за 9,8 проценти. И кај ноќевањата, поголемо зголемување има кај ноќевањата на домашните туристи отколку кај ноќевањата на странските туристи.

Во периодот јануари − ноември лани во однос на истиот период 2017 година, бројот на туристи е зголемен за 13 проценти, а бројот на ноќевањата за 14,7 проценти.


Администратор
14/01/2019 14:45