Додека македонскиот народ е разочаран од промената на името на државата и неправдата, Зоран Заев и СДСМ слават и се горди дека ги продале државните и национални интереси.

Иако граѓаните на Република Македонија јасно порачаа дека се против промена на името и договорот од Преспа, сепак криминалната власт насилнички по пат на уцени и закани ги променија и името на државата како и идентитетот, јазикот, културата, историјата и традицијата.

Изминуваат речиси две години од владеењето на оваа црна власт, а државата само тоне. Единствена работа која ја направија е откажувањето од се што е македонско.

Ја заковаа македонската економија на дното, корупцијата го достигнува својот зенит, здравството и образованието се уништени, земјоделците разочарани: Буквално се тоне и уназадува, а растат само бизнисите и сметките на криминалниот картел предводен од аболицираниот Зоран Заев.

Нема 500 евра просечна плата, нема 100.000 плата за лекарите, нема повисоки пензии, а нема ниту 600 км нови патишта, нови болници, училишта, студентски домови градинки. Има само евро за Вицето, тендери, грантови и вработувања за семејствата на функционерите од власта.

Откако не исполнија ниту едно ветување и на узурпираа македонската држава сега ги слушаме истите лаги и празни ветувања. Токму затоа граѓаните повеќе не веруваат на лагите и манипулациите на СДСМ.

Граѓаните се уверија дека Македонија предводена од СДСМ и Заев само назадува. Токму затоа потребни се предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, на кои СДСМ ќе биде поразена и ќе замине на темната страна на историјата. СДСМ и Заев ќе ја добијат казната за сите црнила и зла кои и ги нанесоа на Република Македонија.


Администратор
14/01/2019 10:58