Со многу остар тон, Моника Круемади, претседателката на третата по големина партија во Албанија, Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), рече дека оваа партија никогаш нема да ги предаде интересите на Албанците.

Круемади од говорницата на партиската конвенција порача дека „онака како што се бориме за нашите домови, ќе се бориме и за Албанија“.

– Нашата партија, наречена Социјалистичко движење за интеграција, е политичка партија, која ни во еден миг нема да ја предаде крвта на илјадници мажи и жени кои ја пролеаа за нашата независна и горда Албанија. Оваа партија никогаш нема да го предаде знамето кое гордо се вее и на кое криминалната влада сака да му ја свитка главата. Денеска даваме збор, во име на ЛСИ, на нашите гласачи, дека не ја предаваме Албанија, нашата земја, нашата татковина. Таа земја која преживеа илјадници векови. Албанија е дом на Албанците. Исто како што се бориме за нашиот дом, ние ќе се бориме и за Албанија, рече Круемади.

Таа смета дека денес Албанија преживува најтешки моменти од кога било досега.

– Не сакаме да го заборавиме политичкиот идеал. Единствената идеологија што треба да циркулира е „Албанија е нашата татковина, Албанија е наш дом“,затоа треба да се грижиме како за нашите домови. Денеска сме убедени дека имаме само еден пат кој ќе не оддели од едно големо зло. Тоа е пат на соочување со злото што бара жртвување од се, зашто секој родител го дава живот за своето дете, порача Круемади.

Таа упати остри критики до Владата на премиерот Еди Рама за сите неисполнети ветувања,300 илјади нови вработувања, намалување на сиромаштијата, раст на економијата… секако и последните лаги дадени на студентите.


Администратор
12/01/2019 15:44