Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, вчера поладне,оствари работна средба со менаџерскиот тим на месната индустрија ,,Пекабеско,, која кон крајот на минатата година доби одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство за извоз на производи од говедско и свинско месо на европскиот пазар.

Со одобрувањето, оваа компанија стана деветнаесетти објект кој има добиено број за извоз на европскиот пазар и се наоѓа на листата на одобрени објекти на Европската комисија за извоз на храна од Република Македонија. За ,,Пекабеско,,, во Агенцијата за храна и ветеринарство, во постапка на одобрување е и барањето за извоз на производи од пилешко месо, кое за кусо време треба да биде реализирано.

Манаџменот на компанијата го информира директорот Атанасов дека неколку земји членки на ЕУ веќе имаат изразено интерес за увоз на овој тип производи од нивната компанија и дека очекуваат многу брзо на европскиот пазар да бидат пласирани првите количини. Со 470 вработени, рекоа тие, минатата година го зголемиле производството за 15 а извозот за 25 проценти. Изразија и уверување дека компаниите од месната индустрија од Република Македонија имаат капацитет и современа технологија своите производи да ги пласираат и на пребирливиот европски пазар.

Директорот Атанасов информираше дека во тек е постапката за усогласување на ветеринарните сертификати за извоз и на овој тип производи, со секоја од заинтересираните земји за увоз. На европската листа на одобрени објекти за извоз на храна од Република Македонија, на која сега се наоѓаат кланици, објекти за извоз на мелено месо, подготовки и преработки од месо, производи од риба, сурово млеко, јајца и производи од јајца и топена животинска маст и чварки, како што рече директорот Атанасов, очекува да се најдат и други компании, кои ќе ја искористат можноста за продажба на своите производи на пазарот на Европската унија. Можноста за извоз на европскиот пазар, заклучи тој, е одлична основа и за развој и унапредувањае на примарното производство во повеќе области.

Минатата годинана листата на одобрени објекти за извоз на храна на европскиот пазар, со помош на Агенцијата за храна и ветеринарство се најдоа нови 4 објекти.

Со почит, Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија


Администратор
12/01/2019 15:41