Воведување целосна забрана за телесно казнување на деца, криминализација на семејно насилство и ефикасен систем за превенција и надзор. Тоа го предвидува нацрт-национална стратегија за детето во Бугарија за периодот 2019 – 2030 година, објавена за јавна дискусија.

Една од целите е да се создаде детски правосуден систем што ги штити нивните права. Друга е воведување на забрана за притвор и апсење деца под 14-годишна возраст.

Државата ја поставува целта до 2030 година за да ги преполови случаите на малтретирање, насилство и агресија врз децата како и намалување на бракови меѓу деца за најмалку 70 отсто. Во 2017 година, 4.106 деца биле жртви на криминал, од кои 1.811 биле на возраст под 14 години.

Речиси 500.000 деца во моментов живеат соочени со сиромаштија или социјална исклученост.

Една од целите во документот е во предучилишните групи да се опфатат 90 отсто од децата. Во 2017 година имало 52.522 деца во градинките и јасли, што е само 20 отсто.


Администратор
12/01/2019 15:03