Писателот и сценарист Александар Русјаков на својот фејсбук профил истакна дека прв пат во неговиот живот чувствува омраза. Неговиот коментар следеше по изгласувањето на Уставните измени и промена на името во Република Северна Македонија.

„Проклети да сте! За навек.

Проклети да сте затоа што ми го укинувате постоењето, татковината, идентитетот.

Проклети да сте затоа што во овие мои 41 година за првпат успеавте да родите омраза во моето срце. Омраза кон вас.

Јас можеби сега ќе војувам за да го истерам демонот на омразата од срцево, ама вашите срца се удобни живеалишта за сите демони.

Проклети да сте!

Слободата да ви биде затвор, а парите, беда.“ напиша Русјаков.


Администратор
12/01/2019 03:08