Човекот кој ја велича „Мојата чудесна земја“ и беше во затворот во Шутка како еден од организаторите на протестите „ За заедничка Македонија“, актерот Владо Јовановски, не остана нем кога неговата чудесна стана северна.

Тој на својот фејсубк профил го напиша следново:

Човекот рече:

Ќе си направам човек!

Ќе земам земја и ќе си направам човек!

Господ:

Што ќе правиш?

Човекот:

Ќе си направам човек!

Господ:

Од што ќе го правиш?

Човекот:

Од земја!

Господ:

ПРВО НАПРАВИ СИ ЗЕМЈА, ПОСЛЕ ПРАВИ СИ ЧОВЕК!

ПС. Велат дека, за некој да може да се нарече човек, најмалку 10 (десет) луѓе треба да посведочат дека тој е – ЧОВЕК !!!


Администратор
12/01/2019 02:46