Менаџеот на Ливерпул, Јирген Клоп и најскапиот дефанзивец во светот – Вирџил ван Дајк, ги освоија наградите за бр.1 во Премиер лигата за декември.

Клоп беше избран за менаџер на месецот, за Ван Дајк ја освои наградата за најдобар играч за последниот месец во годината.

Ливерпул имаше одличен месец, освојувајќи ги сите свои седум натпревари. „Црвените“ се етаблираа на врвот во Англија и ја продолжија кампањата во елиминациската фаза на Лигата на Шампионите.

Инаку во првата недела на дванаесеттиот месец „црвените“ запишаа победи над Евертон и Барнли, по што следеа успеси над Борнемут, Манчестер Јунајтед, Вулверхемптон, Њукасл и Арсенал, за да се зацврсти доминацијата на тимот на Клоп во крајот на 2018-та година.


Администратор
12/01/2019 02:11