Уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа поминаа и во третата финална фаза вечерва во Собранието на Република Македонија, откако претходно седницата три дена беше закажувана, додека премиерот Зоран Заев преговараше со Беса на Биљал Касами, околу нивните барања во врска со измените.

Пратениците со двотретинско мнозинство односно со 81 глас ЗА вечерва во рамки на 75. седница ги донесоа амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, а потоа и ги прогласија. Усвоен и прогласен и Уставниот закон за спробведување на амандманите.

Веднаш по завршувањето на гласањето речиси сите пратеници и дел од министрите кои беа пристуни на седницата за промена на името, се упатија кон Премиерот Заев и со гушкање му честитаа за „извонредниот“ успех кој го направил.


Администратор
11/01/2019 19:23