Демократската партја на Љуљзим Баша и Социјалистичкото движење за интеграција на Моника Куремади го поддржаа претседателот Илир Мета во барањето за спроведување истрага околу експресно издадениот безбедносен сертификат на Косовецот Генти Цакај.

Рама го предложи Цакај за нов министер за Европа и надворешни работи, но за тоа Мета не потпиша уредба.

Парламентарните групи на двете партии доставија барање до Парламентот да се формира анкетна комисија, која треба да ја испита законитоста на делувањето на државните институции за кршење на законот од страна на Управата за класификација на безбедносни информаци (ДСИК).

Во барањето се наведува дека ДСИК му издала петгодишен безбедносен сертфикат во рок од 24 часа што не е во согласност со законот, кој предвидува период од еден месец и оти Управата не го верификувала престојот на Цакај во Белгија и Унгарија, каде престојувал подолг период.

Исто така, тие забележуваат дека Цакај, иако седум месеци бил заменик министер за надворешни работи, одбил да добие ваков документ.

Опозицијата бара формирање деветчлена комисија чиј претседаел ќе биде од ПД, а која треба да поднесе извештај во рок од три месеци.


Администратор
11/01/2019 19:22